МВР: Зголемено е обезбедувањето на српската амбасада во Скопје

Сподели

Србија го повлече целиот персонал од амбасадата во Скопје за консултации во Белград. Засега нема информации која е причината за повлекувањето. Амбасадата е празна, а обезбедувањето на објектот е засилено.

За ова било известено и македонското министерство за надворешни работи, но и таму не ги навеле причините за повлекување на српските дипломати.

Министерството за внатрешни работи презема мерки на зголемена безбедност на објектите на српската амбасада по барање на Амбасадата, откако добиле известување од МНР дека српските дипломати се повлекуваат на консултации во Белград.

Одговорот се очекува да стигне од официјален Белград, од каде е веќе побарано објаснување за овој потег.