МЗ: Нови мерки за превенција од корона вирус

Сподели

 

Усвоени се следните нови мерки за превенција од корона вирус:

  • Се затвораат сите копнени гранични премини во државата, освен Деве Баир, Ќафасан, и Блаце кои остануваат отворени за премин.
  • Се затвора граничниот премин на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
  • Освен од земјите со висок ризик, се забранува и влез на патници во земјава и од земјите со среден ризик, согласно листата на Светската здравствена организација. Ова нема да важи за лицата за кои МВР ќе даде дозвола за влез по мислење од главниот координативен штаб, по посебни услови.
  • Се затворат за посетители сите продавници во трговските центри во државата, освен супермаркетите и аптеките. Сите останати правни лица може да работат телефонски или онлајн, да вршат дистрибуција.
  • Се забранува целосно раотата на кафетерии, барови, спортски обложувалници.
  • Сите угостителски објекти кои прават храна, може да работат без потрошувачи, односно смеат алтернативно да продаваат храна и да вршат достава.