Нападната редакцијата на Инфомакс

Сподели:

Во 23 и 45 часот додека траеше емисијата „Тешки Муабети“ се случи голем инцидент во студиото на Инфомакс, каде непознато лице упаднало во студиото среде подкаст, објави екипата на Инфомакс .

Имено лицето најпрво почна да навредува, да се заканува по живот за потоа да ја скрши вратата од дворот која е со шифра, а потоа да ја скрши и влезната врата од студиотo каде се обиде физички да се пресмета со присутните.

Нападот е снимен од надзорните камери како и со уште една камера, информираат оттаму.

На фејсбук се огласи сопственикот и главен уредник на популарниот поткаст Александар Митовски.

“Партиска буала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом.

Се е снимено, и нападот и упадот и насилството.

Дечките од полиција брзо реагираа.

За се останато, ќе ја тераме до крај.

Продолжуваме со емисијата по полициските процедури.

Тие тврдат дека целиот напад на студиото и домот на Митовски е снимен, а полицијата реагирала брзо.”

Сподели: