Спорт

МЗТ Скопје ќе игра на два фронта, покрај АБА лигата прифати да игра и во Еврокупот!

Сподели:

Шампионот на Македонија во кошарка, тимот на МЗТ Скопје Аеродром, доби покана да настапува во кошаркарскиот Еврокуп.

mzt-feni

Покрај МЗТ Скопје покана за настап во ова натпреварување била испратена и до Фуенлебрада.

Откажувањето на италијанските екипи Динамо Сасари, Реџо Емилија, Тренто и Канту ги натераа челниците на компанијата ЕКА (која стои зад Евролигата и Еврокупот) да бараат други решенија.

Па така италијанските тимови решиле наредната сезона, соочени со притисоците од ФИБА, да играат во Лигата на шампионите на ФИБА.

Поради тоа две понуди од ЕКА биле испратени до Фуенлебрада и МЗТ Скопје.

Шпанците веднаш ја прифатиле понудата, додека МЗТ Скопје по краткото размислување конечно се решија во претстојната сезона покрај во АБА лигата да настапуваа и во Еврокупот.

The post МЗТ Скопје ќе игра на два фронта, покрај АБА лигата прифати да игра и во Еврокупот! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: