На адреса на Мурињо стигна интересна покана – Оваа репрезентација го сака за селектор!

Сподели

До интересна идеја овие денови дојдоа челниците на фудбалскиот сојуз на Нигерија. Амаја Пиник, првиот човек на фудбалот таму, откри дека претходните недели имал разговори со Жозе Мурињо, кого сакал да го назначи за нов селектор?!

Веста ја објави италијанскиот Скај, кој потоа откри дека португалскиот стручњак без многу размислување ја одбил интересната понуда.

„Не можам да кажам дека не преговаравме кога преговаравме. За жал, не се договоривме“, го цитира истиот извор изјавата на Пиник.

Идејата на Нигеријците беше да му понудат на Мурињо краткорочен договор, исклучиво за времетраењето на претстојниот Африкански куп на нации во Камерун (9 јануари – 6 февруари).

Специјалниот, јасно, не можеше да ги вклопи обврските на Рома со таа авантура, ниту пак челниците на Волчицата би се согласиле да останат еден месец без тренер.

Нигерија е во групата со Гвинеја Бисау, Судан и Египет.

The post На адреса на Мурињо стигна интересна покана – Оваа репрезентација го сака за селектор! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico