На Beograd OPEN 2018 сребро и бронза за македонските учесници

Сподели

Со сребро и бронза се вратија Матеј Аларов и Никола Стојановски од меѓународните спортски игри за лица со инвалидитет што се одржаа во Белград.

На Beograd OPEN 2018 учестваа над 20 земји со повеќе од 700 учесници. Алралов и Стојановски освоја медали во категоријата пливање. Стојановски пливаше во слободен стил и освои бронза, а Аларов грбно и зеде сребро.

На овој престижен меѓународен натпревар имаше повеќе натпревари за лица со посебни потреби и тоа во одбојка, пинг понг, атлетика, кошарка во колички, фудбал за глуви, пливање , шах, пикадо за слепи.