На Грујевски и Бошкоски во Солун ќе им се суди за лажните бугарски пасоши

Сподели

 

Поранешниот началник на Петтата управа на МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски се очекува експресно да бидат изведени пред Судот во Солун за лажните пасоши со кои престојувале и се обиделе да излезат од Грција, пренесувaат грчките медиуми.

Тие по речиси три месеци бегство беа се уапсени со фалсификувани бугарски пасоши на аеродромот на Солун, каде сакале да се качат на лет за Будимпешта.

Грујевски поседувал пасош на име на Христо Атанасов, а Бошкоски под името Неџби Хасан.

Вчера тие побарале да не бидат екстрадирани во Македонија, бидејќи се плашеле за своите животи.

Извор: Судство