На Хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар

Сподели

 

На Клиниката за хематологија заврши инсталацијата и обуката за работа на новиот проточен цитометар. Набавката на новиот апарат ќе ја унапреди и осовремени работата и ќе овозможи адекватно да се одговори на секојдневно зголемениот обем на работа.
 
 
 
 
Лабораторијата за имунолошки анализи на Клиниката е единствена од овој вид во нашата држава и во неа се дијагностицираат и следат ефектите од терапија и спроведување на трансплантациите на пациентите со малигни хематолошки болести.
 
Изминатите четири години Клиниката за хематологија е комплетно реновирана според европските стандарди и услови за хоспитализација.
 
 
 
 
За првпат во нашата држава се воведени сите услуги од палетата на трансплантација, несродната, полуидентична и детските трансплантации.
 
Набавена е нова опрема за процесот на трансплантација, апарат за крипорезервација-смрзнување на матични хематопетски клетки, апарат за оделување на клеточни продукти-афереза, како и апарат за фотофереза, со кој се лекуваат најтешките пострансплатациони компликации.
 
Од минатата година има и активно улога во прогностичката стратификација на тешките пациенти со КОВИД-19, се одредуваат во периферната крв Т клеточните субсетови кај овие пациенти.
 
 
 
 
На персоналот на Клиниката лекарите и медицинските сестри им честитам за вложениот труд, ентузијазам, тимска работа и професионалност во извршување на секојдневните интервенции, работејќи со извонредно тешка и вулнерабилна група на пациенти, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.