На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 927 пациенти

Сподели

 

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 89 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 76 болни, а во Куманово 156 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 103 пациенти, во Прилеп 126 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 85 пациенти, во Кочани 37 во Кичево 23, Кавадарци 65, а во Гевгелија 19 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
 
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1581и има околу 260 празни болнички кревети во ковид центрите.
 
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
 

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.