Вести Македонија Ударни вести

Новa снимкa: Мицкоски потврдува дека Камчев ги плаќал долговите на партијата

Сподели:

 

На Јутуб денес се појави уште еден разговор во кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека бизнисменот замешан во случајот „Рекет“, Орце Камчев ги плаќал долговите што врвот на најголемата опозициска партија ги оставила зад себе.

Во аудио снимката со наслов Рекет-2, Мицкоски на соговорниците им вели дека „Камчев подал рака“ тогаш кога Мицкоски наследил исклучени струја и кабелска, и парно пред исклучување во седиштето на партијата, како што коментира една од соговорниците во снимката „кога било најтешко“.

„Ние Зоки се договараме извесен период да се видиме. Не успеавме да се видиме со него…со избориве почнавме. Па ја откажав, па он нешто погреби-могреби таму не знам имаше, па пак јас откажав и така се некако и не можеме да се видиме, вака, објективно да ти кажам. А, лично сакам да го видам, зашто ми помогнал. Кога ти велам ми помогнал, тоа што беше долгот кај сестра му од претходнициве мои, знаеш ти беше присутен на тој разговор кога рече „Не треба ништо“. Сега мене, јас пред година и пол кога влегов во партијата немав струја, исклучена кабелска“, – вели Мицкоски.

Сподели: