На Клиниката за детски болести нема да се хоспитализираат возрасни пациенти со ковид

Сподели

 

Возрасни ковид пациенти нема да се хоспитализираат на Клиниката за детски болести во Скопје, соопштуваат од Mинистерството за здравство.

Единствени возрасни пациенти на Детска клиника се мајките на хоспитализираните деца со ковид, кои исто така се позитивни.

Министерството за здравство апелира да не се создава непотребна паника, Клиниките каде со преадаптација се направени кови оддели физички се оделени и не постои никаков контак меѓу ковид пациенти и пациенти кои не се заразени со ковид, а се хосиптализирани на Клиниките поради други заболувања. Целокупниот систем е организиран и добро се менаџира, хоспиталните оддели,  одделите каде се врши дијагностика, лабораториски анализи се поделени на црвени и зелени зони за ковид пациенти и останати пацинети.