Вести Македонија Ударни вести

На протестот запалени грчкото и албанското знаме и каменуван ЕУ Инфо центар

Сподели:

На синоќешниот протест во Скопје организиран од Светски македонски конгрес и македонските заедници во Европа, биле запалени знамињата на Грција и на Албанија, а била каменувана и зградата на ЕУ Инфо центарот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

При каменувањето на објектот, од каде започна протестот „за одбрана на името“, со камен бил погоден полициски службеник во левата натколеница.

Како што информираат од МВР, при преземањето мерки, во паркот Жена борец, спроти Собранието, полицијата пронашла пет шишиња со запаллива течност. Во врска со ова бил приведен 24-годишниот К.Г. од Скопје, кој по распитот е задржан во полициска станица.

Инаку, палењето на грчкото знаме на протестот денеска е една од главните теми во грчките медиуми.

„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“, „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“, „Скопје: Радикализам од националисти, црвени линии од Заев“, се дел од насловите со кои грлките медиуми известуваат за протестот во Скопје.

„Голем дел од демонстрантите имаа знамиња со сонцето од Виргина, додека, пак, некои од нив го запалија грчкото знаме. Меѓу учесниците беа и митрополити од расколничката црква на ПЈРМ кои му се обратија на народот“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Сподели: