Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главен статист во фарсата која ја играат со Катица Јанева

Сподели:

vmro-dpmne

Аболираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации.

Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешните изјави на специјалната јавна обвинителка и на лидерот на опозицијата.

„Аболираниот криминалец Зоран Заев е човекот кој јавно ги погази македонските судови, изјавувајќи дека нема намера да ги почитува нивните наредби и одлуки. Истиот тој аболиран криминалец сега е главен статист во фарсата која што ја играат со Катица Јанева. Заев е комотен затоа што знае дека има заштита од Катица Јанева. Аболираниот криминалец Заев е комотен затоа што доби јавна благодарност од Соња Верушевска бидејќи Катица Јанева го ослободила од притвор Зоран Верушевски“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се вели дека тоа се двојните аршини кои политички ги наметнува Катица Јанева.

„Благодарение на Катица Јанева, битолскиот градоначалник Владимир Талевски е трет месец во притвор, а аболираниот криминалец Зоран Заев на слобода“, реагираат од владејачката партија.

 

Сподели: