Наградени најдобриот скопски пожарникар, полицаец и крводарител за 2019

Сподели

 

Градоначалникот Шилегов ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник  и крводарител во Скопје за 2019 година.

 

 

– Како град на солидарноста ги негуваме традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. Затоа, Град Скопје секоја година дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела. Убеден сум дека оваа награда поттикнува лична мотивација кај секој од нас да не ја штедиме нашата хуманост и да го користиме секој момент да ја покажеме на дело во средината во која живееме и работиме – рече Шилегов.

 

Најдобриот полицаец во град Скопје за 2019 година, Душко Кикеновски е вработен во Одделот за групни интервенции во полициската станица „Центар“. Признанието од Град Скопје го добива за својата коректност и професионалност и за одличните резултати при извршувањето на работните задачи.

Кикеновски вели дека има добра соработка со граѓаните и дека е посветен на решавање на работните предизвици со единствена цел – зачувување на јавниот ред и мир и безбедноста на сите граѓани. Додава дека оваа награда поттикнува лична мотивација да не се штеди и во секој момент да ја покаже својата професионалност на дело во средината во која живее и работи.

 

denesmagazin.mk