Награди и признанија за скопските матуранти првенци на генерација

Сподели

 

Градоначалничката  Данела Арсовска, денеска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино Фросина, МКЦ.

– Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме успешни идни професионалци и пример за идните генерации средношколци – им порача Арсовска на првенците на доделувањето на наградите.

Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:

Мила Јаневска – СУГС „Панче Арсовски“

Матеј Петревски – СУГС „Васил Антевски – Дрен“

Ана Јаневска – СУГС „Димитар Влахов“

Марија Мицевска – СУГС „Димитар  Влахов“

Ангела Сибиновска –  СУГС „Јосип Броз -Тито“

Јована Трајановска – СУГС „Владо Тасевски“

Миа Шутева – СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

Филип Бојаџиевски – СУГС  „Орце Николов“

Ефра Емини – СУГС „Марија Кири – Склодовска“

Кристијан Зафировски –  СУГС „Марија Кири – Склодовска“

Ана Даневска – СУГС „Д-р Панче Караѓозов“

Даниела Павловска – СУГС „Браќа Миладиновци“

Лука Чарапиќ – СУГС „Георги Димитров“

Фросина Тодорова  – СУГС „Георги Димитров“

Ендрит Шаќири  – СУГС „Зеф Љуш Марку“

Никола Рисафов – СУГС „Боро Петрушевски“

Јане Јанкулоски  – СУГС „Боро Петрушевски“

Леон Али – СУГС „Шаип Јусуф“

Фатиме Красниќ – СУГС „Шаип Јусуф“

Исра Реџепи – СУГС „Арсени Јовков“

Андреј Петковски –  СУГС „Никола Карев“

Беким Хашани – СУГС „8-ми Септември“

Никола Мирковски – СУГС „Лазар Танев“

Дамјан Цветановски – СУГС „Лазар Танев“

Јован Колевски  – СУГС „Михајло Пупин“

Дарија Дамевска Идриз – СУГС „Здравко Цветковски“

Никола Дивјак – СУГС „Кочо Рацин“

Зерина Чупи –  СУГС „Цветан Димов“

Исра Љоки  – СУГС „Сарај“

 

Традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, која го поддржува образованието, неговата моќ и стремежот за создавање млади креативци со кои Скопје ќе има поубава иднина, е под покровителство на Град Скопје, а во организација на Дирекцијата за култура и уметност Скопје.