Вести Македонија

Општина Чаир преку мегафон апелира до граѓаните да останат дома

Сподели:

 

Општина Чаир на Youtube објави видео на кое може да се види како со мегафон се апелира граѓаните да останат дома и да ги почитуваа препораките за корона вирусот.

“Состојбата со Корона Вирусот не тангира сите нас. Затоа, ние како Општина Чаир, вклучувајќи се на платформата “се грижиме” ви се обраќаме со совети бидејќи сега е моментот кога треба да покажеме граѓанска солидарност.

Сите, со голема грижа и одговорност, да придонесеме за по брзо надминување на состојбата.
Останете дома, не излегувајте без потреба, нема место за паника но за грижа Да.
Одржувајте ја хигиената на ниво и следете ги инструкциите на надлежните органи. Заедно можеме да го надминеме и ова!”

 

Сподели: