Вести Македонија Ударни вести

Наредната недела скрининг тестови ќе се прават според индикациите на ризични групи на граѓани

Сподели:

 

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче изјави дека на утрешниот состанок на штабот во Владата на кој ќе се вклучи и Комисијата за заразни болести ќе се дискутира за тоа како ќе се регулира забраната за движење за време на викендот, а на состанокот в сабота ќе се знае дали ќе има олабавување на мерките од следната недела.

“Денеска имаме скок на новодијагностицирани пациенти, а ова ќе го следиме. Ова се резултати од еден ден и не можеме ништо да заклучиме од нив. Имавме слични сценарија со голем број на новозаразени, а некои денови значително мал. Ќе носиме заклучоци на што се должи оваа бројка и ќе ја известиме јавноста“, изјави министерот.

Центарот за ЈЗ и Институтот за ЈЗ го завршија планот за скринингот кој треба да почне наредната недела, некаде околу 400-500 тестови ќе се прават според индикациите на ризични групи на граѓани. Преку матичните лекари и матичните стоматолози ќе се врши закажувањето за овие брисеви, вели Филипче.

„Ќе бидат опфатени вработени здравствени работници, работници во градинките и вработени во домови за стари лица, во прва фаза, понатаму вработени во јавни служби, таксисти, припадници на полицијата, вработени во ЈСП, пациенти кои треба да примаат терапија  за да се намали ризикот и да се откријат асиптоматски случаи“.

Со скринингот ќе бидат опфатени вработените во градинките бидејќи мора да има место каде децата ќе се чуваат за да бидеме осгирурани дека нема да има асиптоматски случаи, потенцираше Филипче.

Министерот кажа дека дека се пристигнати 20 респиратори од ЕУ, како и дополнителни 125.000 маски и 50 илјади ракавици, а има потврда за 20 респиратори од Норвешка, како и за 15 преку УНДП.

Сподели: