Алтернатива Настани

Џевахир Скај Сити им додели благодарници на музичарите кои викендов приредија музички хепенинг од покривот на Џевахир

Сподели:

 

Наде Талевска, Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff кои во неделата со настап во живо на роофтопот на 41 кат на кулите Џевахир приредија несекојдневен музички хепенинг денес, во просториите на Општина Аеродом, добија благодарници од компанијата Џевахир Скај Сити која заедно со општината беше организатор на настанот.

Настапот на музичарите кои овозможија станарите на комплексот Џевахир, жителите на Аеродром, но и сит скопјани кои преку live stream преносот го следеа настанот, да уживат во убавата музика и на овој начин иако одвоени, сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба, инаку беше без никаков надомест. Токму затоа, како благодарност за нивниот придонес во подигање на духот на граѓаните во ова време на пандемија, од страна на Џевахир Скај Сити покрај благодарници им беа доделени и „скај велнес вип картици“, со времетраење од 3 месеци, за користење СПА центри, базени и теретани во рамките на комплексот.

Благодарница исто така од страна на Џевахир Скај Сити му беше доделена и на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

 

Сподели: