Народниот правобранител Мемети ќе бара најостри казни за злоупотреба на децата за собири и протести

Сподели

Децата во никој случај не треба да бидат цел на манипулации и злоупотреби, а училиштата треба да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес. Оттука Народниот правобранител водејќи се од најдобриот интерес на детето, апелира и до наставниците и до родителите, по никоја цена да не дозволуваат инволвирање на учениците во какви било собири и протести, а воедно ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат за спречување на ваквите појави – се вели во јавниот апел, кој денеска го соопшти народниот правобранител Иџет Мемети.

Истовремено Народниот правобранител ги предупредува сите инволвирани страни дека секоја злоупотреба на децата подлежи на санкции и укажува дека ќе ги истражи поплаките, и дека доколку навистина се докаже дека одредени лица вработени во образовни институции биле поттикнувачи, за истите ќе бара најстроги казни, затоа што станува збор за деца кои според сите меѓународни и домашни регулативи уживаат посебна заштита .