Насилство врз наставник, насилство врз фудбалски судија, малтретирање дете

Сподели

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 02.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавениот упатувал закани кон наставник во училиштето, а оштетил и дел од инвентарот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(30) од с.Колари, кичевско и В.Н.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.03.2025 на стадион во Тетово, за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Влазрими“ од Кичево, пријавените, членови на ФК „Влазрими“, физички го нападнале судијата М.М..

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Б.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 01.06.2025 на Граничен премин Табановце, полициски службеници затекнале двете деца на пријавената на возраст од 12 и 14 години, кои таа претходно ги оставила да питачат.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2024 година, 61-годишник од Тетово се договорил со пријавениот од него да купи дел од објект за сума од 22.000 евра. Тие потпишале договор и оштетениот му ги дал парите, а откако во објектот отишле геодети да направат мерење и поделба на објектот, Р.А. незадоволен од мерењето ги набркал геодетите. До пријавувањето на настанот во април 2025 година, Р.А. не дозволи да се направи поделба на објекто, ниту пак му ги вратил парите на оштетениот.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.(39) од с.Црнилиште, општина Долнени и С.А.(49) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. На Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници при извршени гранични проверки констатирале дека на 19.11.2024 првопријавениот управувал патничко возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки со регистарски таблички кои припаѓале на друго возило. Додека, на 25.11.2024 второпријавениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со италијански национални ознаки со регистарски таблички, кои исто така припаѓале на друго возило.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.К.(64) од с.Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 30.04.2025, при контрола на мерни броила во с.Велешта, вработен во ЕВН Македонија констатирал пријавениот на мерното броило извршил премостување на мерната опрема, при што преземал во целост нерегистрирана електрична енергија директно од мрежа. Со ваквите дејствија, нанесена е штета на ЕВН Македонија во износ од 239.013 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.С.(22) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.03.2024 на регионален пат Струга-Дебар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал, при што бил пронајден и одземен кокаин.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.Д.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.10.2024, полициски службеници извршиле претрес на апартмани во Охрид, кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и дробилка со остатоци од тетра хидроканабинол.  

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.П.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма’’. На 30.01.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во продажно место, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека се врши продажба на разновидни брендирани женски чанти, односно трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка, а за кои пријавениот не поседувал соодветна дозвола.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Н.Д.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”. На ул.„Наим Фрашери“ во Дебар, пријавениот го заградил со дрвена ограда просторот помеѓу неговата куќа и куќата на соседот, кое според урбанистички план било предвидено за пат. Со таквото дејствие, пријавениот противправно се стекнал со земјиште во државна сопственост во вредност од околу 1.205.820 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М.(60) и Е.А.(63), двајцата од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 11.04.2025 на бул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а на 22.03.2025 на бул.„Маршал Тито“ во Тетово била извршена контрола на патничко возило „сеат алтеа“ со тетовски регистарски таблички, управувано од второпријавениот. При контролите било констатирано дека двајцата вршеле јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.  

На 11/12.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Л.М.(45), М.Т.(43), А.Ч.(36) и Л.А.(20), сите од Скопје, М.Е.(23) од с.Љубин, скопско и Р.С.Р.(23) од САД затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 11.06.2025 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.О.(36) од Куманово и М.Ј.(33) од Битола. Тие се сомничат дека на 10.06.2025 физички го нападнале З.А.(68) во близина на неговиот дом  и му одзеле пари.  Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 11.06.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(45) од Охрид и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16-та Македонска Бригада“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(52) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки  управувано од С.С.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„10“, ул.„12“, ул.„Финска“ и ул.„Пролетна офанзива“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од Ш.М.(46) од с.Средно Коњари, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(29) од с.Инџиково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.П., а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.П.(50) од с.Инџиково, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2025 околу 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково,скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2025 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, во близина на наплатната станица Петровец, товарно возило „опел комбо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(43) од с.Кривогаштани, прилепско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2025 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Брест, општина Чучер Сандево, М.Б.(49) и М.Б.(20), двајцата од с.Брест, скопско, откако стартувале патничкото возило „џип“ со скопски регистарски ознаки со туркање, изгубиле контрола  над  возилото и се лизнале по удолница. Со тешки телесни повреди се здобил М.Б.(49), а со телесни повреди се здобил М.Б.(20), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (12.06.2025) во 01.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локален пат во с.Горна Бањица, гостиварско, мопед, управуван од малолетник од с.Горна Бањица, излетал надвор од коловоз.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник Д.М.(23) од истото село, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

На 11.06.2025 во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Добрејци-Василево, во близина на с.Василево, струмичко, мотоцикл, управуван од Д.К.(47) од Струмица, излетал надвор од коловоз.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

На 11.06.2025 околу 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Д.Т.(40) од Штип и мопед, по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Е.Т.(26) од Битола. Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба Н.С.(70) и својот дедо П.С(78).  Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а Е.А. била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.06.2025 во 10 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека била пронајдена С.Р.(15) од с.Норово, крушевско, за која на 10.06.2025 нејзниот татко М.Р.(45) пријавил дека се оддалечила од домот и дека заминала со  С.А.(19) од с.Пресил. Малолетниччката била предадена на таткото и се работи на расчистување на случајот.  

На 11.06.2025 во 23.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.06.2025 во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото. Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 околу 20.00 часот во СВР Скопје, В.С.(44) од Косово пријавил дека околу 18.40 часот на автопатот „Mајка Tереза“, додека управувал  товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, од мостот кој води од с.Стајковци кон с.Брњарци, скопско, бил фрлен тврд предмет кој го оштетил предното ветробранско стакло, а тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (12.06.2025) во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н.(63)-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 во 19.35 часот во СВР Скопје, М.О.(26) од Република Турција, со престој во Скопје, пријавил дека околу 17.15 часот во домот во кој престојуваат заедно на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од И.Ј. од Република Турција, кој употребил остар предмет и му одзел паричник со пари, мобилен телефон и лични работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Чаир, Г.С.(47) од Скопје физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 11.06.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје, Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(51) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор/фото МВР