Општина Аеродром е без струја, заради пожар во Вардариште

Сподели:

Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од околу 12 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште, на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал.

Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари.

Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од oпштината Аеродром е без електрична енергија, информираат од ЦУК Скопје.

Сподели: