Наскоро изводи од матичната евиденција и во Општините Аеродром и Карпош

Сподели

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, денеска го прими директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски.

На работната средба, меѓу другото, стана збор за можноста да се отвори подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги во просториите на Општина Аеродром.

„Се планира оваа канцеларија да биде отворена на 22.11 оваа година, од кога жителите на општина Аеродром ќе имаат можност да поднесуваат барања и да подигаат готови изводи од матичната евиденција во својата општина. Овој проект е заложба на Општина Аеродром за приближување на институциите на државната управа до граѓаните и нивните потреби“, се вели во соопштението од Општината.

Директорот на Управата за водење матични книги денеска се сретна и со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, на која, исто така, се разговараше за отворање подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги и на територијата на оваа општина.