НАСЛЕДСТВО ОД ЈУГОСЛАВИЈА: Хрватска ќе добие имот во Тунис, Кенија, Мадагаскар и Алжир

Сподели

timthumb

Хрватска од враќање на дипломатските и конзуларни претставништва на поранешна Југославија ќе преземе недвижен имот вреден десетици милиони долари.

Најмалку 10 милиони долaри ќе добие Хрватска од продажбата на зградата на Aмбасадата и резиденцијата во Њујорк, а потоа и објектите во Токио, Бон и во Берн. Вредноста на тие објекти се проценува на 42,7 милиони долари од кои на Хрватска ѝ припаѓаат 23,5%.

Земјата ќе го преземе недвижниот имот во Тунис, Кенија, Мадагаскар и во Алжир, кои на еднакви делови се поделени меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина.

„За преземањето ќе се договориме билатерално. Договорот ќе биде постигнат пред примопредавањето, што ќе се реализира најдоцна до 1 октомври. Во постојан контакт сме со претставниците на БиХ“- се наведува во соопштението на хрватскто Министерство за надворешни работи.

Дел од претставништвата ќе бидат продадени поради тоа што се преголеми за поделба.

faktor.mk