Спорт

Гризман: Не ги победив сам Германците

Сподели:

thumbs_b_c_92892c46d692476bae4721a24234eaed

ПАРИЗ (АА) – Франција во полуфиналето синоќа со 2:0 ја совлада Германија и се пласира во финалето на Европското првенство. Јунак на дуелот беше Антоан Гризман кој ги постигна двата гола, а првиот беше од пенал, јавува Anadolu Agency (AA).

„Не го добив само јас натпреварот, туку целиот тим”, истакна Гризман.

„Ова е резултат на целата екипа. Голема благодарност до соиграчите што се изборивме за финалето и од овој дуел ќе црпиме инспирација. Во финалето на Лигата на шампионите промашив пенал и сега само сакав да ја затресам противничката мрежа”, изјави Гризман.

Напаѓачот на Франција со шест голови се наоѓа на врвот на листата на стрелците, а зад него со по три се: Оливие Жиру, Дмитри Паје, Кристијано Роналдо и Нани, како и Герет Бејл и Алваро Мората, кои го завршија шампионатот. Воедно тој е најголем кандидат и за најдобар играч на шампионатот.

Финалето од Европското првенство во Франција помеѓу домашната репрезентација и Португалија ќе се игра на “Stade de Franceu“ во Сент-Денис во недела на 10 јули со почеток од 21 часот.

Сподели: