Вести Македонија

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Сподели:

kire-naumov-pres

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

– За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за 2 милиони евра. Владината политика на континуирано задолжување ги втурна сегашните и идните генерации во должничко ропство – се додава во соопштението.

Во него, исто така, се вели дека иако црвениот аларм е одамна вклучен и веќе требаше да почне долго најавуваната фискална консолидација, министерот Миноски за утре распиша ново задолжување на домашниот пазар на износ од 61,5 милиони евра.

Сподели: