Турција: Осудени 5 лица на доживотен затвор за убиството на рускиот амбасадор

Сподели

Судот во Анкара осуди пет лица на доживотен затвор за атентатот во 2016 година на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.

 

 

Турскиот суд денеска осуди пет лица на доживотен затвор поради учество во убиството на рускиот амнасадор во Анкара, Андреј Карлов во 2016 година.

Еден од нив е обвинет како организатор на нападот, а друг осуден е поранешен разузнавач кој доставувал информации за Карлов. Други шестмина се прогласени за невини, додека седум лица се осудени за членство во вооружена терористичка група.

Тие се осудени поради поврзаност со 22-годишниот напаѓач Мевљут Мерт Алтанташ, кој беше елиминиран од турската полиција откако го уби Карлов на изложба во Анкара.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се задоволни од изречените пресуди.