Вести Македонија Топ теми Ударни вести

НБРСМ: Денарот е стабилен – еврото не надмина 62 денари

Сподели:

 

„Погрешни се информациите кои излегоа на некои од порталите и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите“, се наведува во соопштението на НБРСМ.

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани, информираат од Народната банка на Република Северна Македонија. 

Од Народната банка додаваат дека девизните резерви се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Овие девизни резерви се на високо ниво – двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година. Покрај овој инструмент, НБРСМ располага со низа други инструменти со коишто ја гарантираат стабилноста на денарот во однос на еврото.

НБРСМ потсетува дека секој граѓанин може да се увери во стабилноста на средниот курс на еврото доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута.

Сподели: