Хороскоп

Неделен хороскоп 11.09 – 17.09.2017

Сподели:

Овен

Благодарејќи на добрата вештина на преговорање и прилагодување успевате да се вклопите во различни службени договори. Имате добро претчувство кога треба да покренете поголема акција и на основа на својата интуиција донесувате исправна одлука. Во договор со соработниците на лесен начин можете да ги остварите своите интереси. Проширете ги своите професионални интереси во различни правци на изразување. Кога вашите чувства и разум се наоѓаат во благ расчекор, тогаш се можни и погрешни проценки во поглед на љубовниот расплет. Негативната тензија која постои помеѓу вас и саканиот(ата), треба да ве покрене на нов импулс и љубовно зближување. Во свој типичен манир, направете се што е потребно за да ја усреќите блиската личност.

 

Бик

Активно учествувате во различни случувања на работната сцена, како би реагирале во најдобар момент и би ја подобриле својата позиција во однос на останатите соработници. Умеете да процените поволна ситуација и верувате во своето знаење или способности. Сепак, вашата блиц интелигенција и снаодливост во настапот пред соработниците донесува само краткорочни ефекти. Важно е да употребите практично искуство и правилно да ги заштитите своите работни интереси. Во односот со саканиот(ата), понекогаш не е лесно да се согледа вистинската причина која доведува до чести недоразбирања или судири. Подобро е некои работи мудро да ги премолчите, отколку да заговарате дијалог кој води кон љубовно ривалство или расправија на ниски страсти. Пречувствително реагирате на различни ситници, потребно е да направите емотивна дистанца.

 

Близнаци

Неочекувани промени или нови случувања на работната сцена го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но во свој типичен манир делувате многу енергично и не се откажувате од зацртаните цели. Умеете да пронајдете заобиколно и ефикасно решение. Важно е да ги испочитувате зададените рокови и да придобиете нечија доверба. Ентузијазмот со кој настапувате пред опкружувањето, ќе се покаже од повеќестепена корист. Задоволството и новата хармонија која ве прати во семејниот живот или во односот со саканиот(ата) позитивно се рефлектира на вашето однесување и изглед. Во согласност со своите емотивни афинитети уживајте во нечие блиско друштво, без оптеретување за непотребни „правила“ или предрасуди за заедничка среќа.

 

Рак

Се обидувате да промените некои воспоставени правила кои владеат на работната сцена, но забележувате извесно негодување. Околината не е заинтересирана да ги поддржи вашите современи идеи за работење. Некој од соработниците претставува главна пречка во потполност да ги реализирате своите работно-финансиски намери во различни правци. Сепак, немој да дозволувате тоа да влијае на вашето расудување или на креативно расположение. Ве радуваат нови случувања кои битно го менуваат вашиот однос со саканиот(ата). Доволно сте снаодливи за да остварите различни емотивни контакти и искуства, но не сакате да се наоѓате на мета на нечие испитување. Важно е да го разубавите својот однос со саканиот(ата) во онаа мерка која одговара на заедничките афинитети и потреби.

 

Лав

Чувствувате креативна инспирација и потреба да ги проширите своте сознајни погледи. Различни работни ситуации делуваат многу поттикнувачки и поучно, поради тоа насочете ги своите интересирања кон корисни цели. Важно е да го прилагодите својот професионален стил и вредносни критериуми спрема заедничките интереси. Кога се преклопуваат вашата добра волја и творечка енергија, тоа донесува посебен ефект. Емотивниот занес во вас побудува нови идеи и поттикнува голема радост, сакате да се испробате го различни ситуации. Умеете да блеснете во полн сјај во нечие друштво, потребен ви е добар поттик за да ги изразите своите мисли и чувства. Љубовната хармонија позитивно влијае на вашата комплетна самодоверба и на големиот занес.

 

Девица

Во некои неочекувани случувања или во необични ситуации на работната сцена, мора да делувате многу трезвено. Во состојба на резигнација, можна е погрешна ориентација или да создадете негативна тензија помеѓу соработниците. Понекогаш постојат проблеми кои бараат фаза на креативна инкубација, пред да се искристализира добра одлука и позитивно решение. Во односот со љубовниот партнер, честите промени во расположението создаваат дополнителна нервоза или несигурност. Умеете да поставите строги критериуми и немате доволно разбирање за нечиј слабости или пропусти во однесувањето. Случувањата од вашиот љубовен живот не треба да го преокупираат вниманието на јавноста, бидете дискретни во своето однесување повеќе од вообичаено.

 

Вага

Имате поттикнато необична приказна за службена соработка, ве привлекува идејата за нови професионални можности, различни повластици или општествен престиж. Вашите идеи се вклопуваат во заедничките интереси, така што соработниците со доверба ви ја пропуштаат “водечката улога“. На многу успешен или ефикасен начин, може да завршите низа на службени договори на различни страни. На вашата самодоверба дополнително влијаат позитивните коментари или сјајниот „впечаток“ за кој се зборува. Понекогаш партнерот умее да го наруши вашиот емотивен ритам или основно расположение, но вие не сакате да се помирите со споредна улога. За среќа, умеете да се ориентирате кон креативни содржини и нови „извори на радост“.

 

Шкорпија

Се наоѓате во блескава психо-физичка форма и имате многу амбициозни работни планови. Со одредена доза на мудрост и со добрo осмислени потези, лесно може да ги остварите своите работни намери. Не криете дека имате високи барања во секој поглед. Добрата проценка на работните ситуации со организираност и прецизност, донесува нов успех. Важно ви е да ја одржите романтичната слика во односот со блиска личност. Понекогаш вашата емотивна инспирација надминува и нечиј скриени фантазии. Вознемиреноста кој често ја чувствувате не треба да ја доживувате како одраз на „слабост“, туку како дополнителен импулс. Делувате спокојно, само кога околу себе гледате среќни и задоволни лица.

 

Стрелец

Делувате многу енергично во ситуациите кога ги браните своите работни цели и интереси, но немате доволно концентрација да се посветите на деталната анализа на случувањата. Постојат различни фази на можности во службените преговори. Важно е рационално да ги користите енергијата и времето. Непотребна расправа и задржување на одвишок детали може да ве оддалечи од главните цели. Ви недостасува добар увид во работите со кои се занимава љубовниот партнер, бидејќи секој од вас е преокупиран со своите сфери на интерес и планови. Комплиментите кои ги добивате од некој од страна, ве наведуваат на погрешни очекувања. За жал, некој не може да ви го допушти саканото уживање во емотивниот или страстен контакт.

 

Јарец

Ве прати чувството на неизвесност во проценката на новите случувања на работната сцена, но потребно е активно да учествувате во различни преговори. Не криете дека вашите очекувања се големи, меѓутоа забележувате дека соработниците често го менуваат своето мислење или ставови. Потпрете се на практичниот дух и на способноста за аналитичко расудување. Иако вашиот љубовен однос не е претерано идиличен, тоа нема да ви пречи да се претставите во позитивно светло пред блиското опкружување. Ако смислено играте на картата на „емотивен ризик“, тогаш смислете и некоја „резервна варијанта“. Повремено мора да користите и некои свои “скриени адути“ во друштво на блиска личност.

 

Водолија

Важно ви е да бидете забележани во работните кругови, поради тоа смислено испробувате нови стратешки потези. Но се има своја цена или разумна граница, до која ви е дозволено да импровизирате со своите оригинални идеи. Внимателно анализирајте ги своите соработници и прифатете добар совет, важно е да го споите пријатното со некое корисно или практично решение. Во љубовниот живот воглавно се раководите согласно своите емотивни импулси и потреби, се случува да избирате погрешен момент за на својот партнер или личноста која ви се допаѓа да соопштите некоја важна одлука. Партнерот со забележително негодување ги слуша вашите идеи. Потребно е да пронајдете некоја усогласена формула, која води кон емотивно разбирање и зближување.

 

Риби

Во достоинствен стил и без непотребни прашања прифаќате нечие критизерско мислење или коментари кои ви се допаѓаат. Не можете да правите преодни компромиси кои не се во согласност со вашите морални начела, сега е доцна да ги корегирате своите пропусти или да ја менувате работната стратегија. Насочете ја својата креативна енергија во корисен правец и стрпливо почекајте на соодветни услови. Своите чувства можете да ги подведете на некои „разумни мерила“, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите љубовни намери. Вашето однесување на најдобар начин го отсликува љубовното задоволство или расположението кое го чувствувате во нечие присуство. Важно е да го следите својот „внатрешен глас“ или инстинкт.

Сподели: