Неделен хороскоп 15.08 – 21.08.2016

Сподели

         printable-aries-zodiac-sign

Овен

Колку ќе биде тешка оваа недела, ќе зависи од тоа колку сте приврзани за вашите очекувања и резултати. Редицата од настани кои ќе се случат во текот на овој период, би можелe да ви покажaт дека работите не се баш такви какви што мислевте дека се. Можеби ќе се појави чувство на вина, љубомора или предавство, кое било закопано подолг временски период и ќе биде потребно на здрав начин да се справите со тоа. Ако сте опкружени со околности или луѓе кои ги раскопуваат вашите рани, тоа нема да ви биде од голема помош. Отвореноста и флексибилноста се главните клучеви.

 

printable-taurus-zodiac-sign

Бик

Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока.

 

8c65ebec82721cfcf686e57165c314f4

 

Близнаци

Ако можете да ја избегнете овонеделната драма, направете го тоа. Вие не сакате да се инволвирате во било какви манипулативни игри. Ако некој се однесува лошо, вие први им укажувате на нивните погрешни постапки. Но, постојат периоди кога не е паметно да кажете се што мислите. Убаво размислете пред да кажете нешто, избегнувајте ги непромислените изјави и не морате да зборувате повеќе од потребното. Во одредени моменти можеби ќе имате чувство дека ви пукаат рабовите, но во текот на оваа недела дискрецијата и предвидливоста се вашите главни адути.

 

2000px-Cancer.svg_

 

Рак

Колку ќе биде тешка оваа недела ќе зависи од тоа колку сте приврзани за вашите очекувања и резултати. Редицата од настани кои ќе се случат во текот на овој период, би можелe да ви покажaт дека работите не се баш такви какви што мислевте дека се. Можеби ќе се појави чувство на вина, љубомора или предавство, кое било закопано подолг временски период и ќе биде потребно на здрав начин да се справите со тоа. Ако сте опкружени со околности или луѓе кои ги раскопуваат вашите рани, тоа нема да ви биде од голема помош. Отвореноста и флексибилноста се главните клучеви.

 

leo

Лав

Во текот на оваа недела ќе биде најважно да останете реални, прибрани и центрирани во себе, бидејќи случувањата постојано ќе го предизвикуваат вашето трпение. Ако се обидувате да решите повеќе работи наеденаш, најверојатно ќе се чувствувате конфузно и неорганизирано. За да се ублажат некои од можните неприлики, фокусирајте се на тоа што е пред вас. Не зборувајте премногу и размислувајте пред да дејствувате. Мислите и зборовите ќе бидат замаглени од предрасуди, претпоставки и фантазија. Убаво слушајте што ви зборуваат другите и проверувајте дали правилно сте ги разбрале. Работите видно се подобрувааат кон средината на неделата.

 

2000px-Virgo.svg_

Девица

Во текот на оваа недела врските би можеле да поминат низ чудни пресврти. Можеби развојот на околностите ќе ви покаже дека работите не се такви какви што навидум изгледаат. Доколку не сте сигурнио за некој или нешто, размислувајте за тоа какви чувства тие будат во вас. Ако некој или нешто прави да се чувствувате минорно или потценето, тогаш би требало да се запрашате зошто е тоа така. Најверојатно ќе биде потребно да направите некакви прилагодувања и компромиси.

 

Libra.svg_

Вага

На самиот почеток од неделата работите ќе бидат прилично затегнати. Некои индикатори навестуваат дека во одредени моменти би можеле да се чувствувате потценето или предадено. Или можеби постојат некакви околности кои го загрозуваат вашето чувство на безбедност. Ако е така, тогаш би требало да размислите на каков начин можете да ги промените сегашните околности. Одреден степен на флексибилност и отворен ум, најверојатно ќе ви бидат најдобрата навигација низ матните води.

 

printable-scorpio-zodiac-sign

Скорпија

Во текот на оваа и следната недела вашата енергија ќе биде во паѓање. Тоа би можело да се должи на различни причини. Ако се чувствувате отфрлено или игнорирано, или ако се појават пречки на вашиот пат, можеби најпаметно е да почекате малку. Бидете трпеливи. Најверојатно постојат некои работи и обврски кои морате да ги завршите, па тоа ве оневозможува да се посветите на она што го сакате. Сконцентрирајте се на тоа што е пред вас и не дозволувајте ништо да ја поткопа вашата самодоверба. Во периодот од понеделник до среда бидете повеќе флексибилни, бидејќи околностите ќе бараат прилагодување.

 

 

2000px-Sagittarius.svg_

Стрелец

Многумина од вас во текот на викендот се соочија со многу предизвици. Како и секогаш кога Марс е во игра, така и овој пат зборовите имаат голема моќ да повредуваат. Марс секогаш ви дава храброст да проговорите, кога имате нешто важно да кажете. Но, бидете свесни дека понекогаш е подобро работите да останат некажани. Темите кои вклучуваат анксиозност и нестрпливост, можат да бидат урамнотежени со сочувство и разбирање (кон себе и кон другите).

 

capricorn5

 

Јарец

Честопати постојат многу работи кои можете да ги толерирате, под услов истите да не го загрозуваат тлото на кое стоите. Но, постојат моменти во животот кога одредени работи не можат да бидат толерирани. Сите оние работи кои се обидувавте да ги игнорирате, упорно ќе излегуваат на површина и ќе го окупираат вашето внимание. Во меѓувреме, сега не е најдобар момент за искрени разговори. Обрнете внимание на работите кои бараат прилагодување, но во исто време бидете свесни дека комуникацијата ќе биде стресна, а работите нема да се одвиваат според планот.

6ec248d9b9cbeb0f1362192d72c53c67

Водолија

Пред вас е период на промени кои ќе имаат тенденција да го менуваат вашиот фокус, а тоа ќе биде главната причина заради која ќе ви биде тешко да го насочите вниманието на една личност или ситуација. Многу работи ќе се случуваат наеднаш. Можеби бројните обврски ќе ви ја одземат енергијата да се занимавате со приватниот живот и обратно. Голем број на пропусти ќе бидат последица на тоа што не знаете како да ставите граница и да ја зачувате сопствената приватност. Ако им дозволите на другите да го пикаат својот нос во вашиот живот, погрешните интерпретации би можеле да ве доведат во непријатна ситуација и да ве блокираат во донесувањето на одлуките.

piscessymbol-font

Риби

Навистина би било многу добро ако ги правите работите една по една, бидејќи во текот на оваа недела ќе биде толку лесно да се претера. А секогаш кога сте преоптеретени, расеани или се обидувате да манипулирате со многу работи, грешките се неизбежни. Дишете и фокусирајте се на сегашниот момент и размислувајте пред да зборувате или дејствувате. Работите лесно би можеле да излезат од контрола, а мислите да се заплеткаат. Актуелните планетарни влијанија предупредуваат на тајни процеси, нејасни ситуации и психички дисторзии.