Хороскоп

Неделен хороскоп – 21.08 – 27.08.2017

Сподели:

Овен

Се наоѓате во одлична ситуација да влијаете на одредени услови или на новиот тек на случувањата на работната сцена. Важно е да го сочувате добриот работен рејтинг и да оправдате нечија доверба. Размислете за промена на досегашните критериуми, не дозволувајте некој да ви диктира одредени услови, приоритети или правила во службената соработка. Постои личност која непотребно ја отежнува вашта работна или статусна позиција. Во својот емотивен занес имате големи очекувања и потреби, но партнерот не е во состојба да ги исполни сите ваши желби и барања. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов да добивате максимум внимание во однос на реалните можности. Но, вие често делувате сомнително или нескромно во своите желби.

 

Бик

Делувате активно на различни страни и имате доволно самодоверба, што претставува добар предуслов за понатамошен професионален напредок. Умеете вешто да ги искомбинирате практичните решенија со расположението на своите соработници и да ги остварите заедничките интереси. Биде умерени при финансиските инвестиции. Вашиот работен успех се темели на добрата проценка и на деталното планирање. Непрекинато го анализирате својот однос со саканиот(ата) со намера да разрешите различни дилеми. Не дозволувајте некој друг да ги толкува вашите чувства или да ги објаснува вашите намери. Бидете искрени и отворени на средбата со саканиот(ата). Храброст е ако умеете на вистински начин да ги изразите своите емотивни доблести или слабости.

 

Близнаци

Го барате најдобриот начин да одговорите на нечии барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои работно-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувања. Не дозволувајте мала загуба во материјална смисла да ве обесхрабри. Мудро почекајте на подобри времињалувате напнато во љубовниот однос, не го добивате вниманието кое го очекувате. Некој се свртува на вашите желби или пораки. Партнерот најчесто ја спроведува својата волја, ви се чини дека полека се одалечувате од заедничките планови. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива.

 

Рак

Се наоѓате во креативна фаза на творечките можности, ви се нуди нова шанса да остварите работно-финансиски успех или напредување на статусното скалило. Интересни идеи и работни понуди навестуваат долгорочен успех. Потрудете се некој сериозно да ги сфати вашите намери и правилно да ги награди вашите професионални способности или заслуги. Важно е да има добро претчувство, како основна водилка во љубовниот живот. Расположени сте за нова љубовна романса или за возбудливи случувања, кои треба да го разубават вашиот однос со саканиот(ата). Не ги криете своите емотивни очекувања или намери, сакате да ги остварите своите „тајни соништа“. За среќа, партнерот е комплетно на ваша страна.

 

Лав

Се имате подготвено за серија на нови случувања на работната сцена и сакате да се соочите со соработниците кои ја имаат изневерено вашата доверба. Се наоѓате во креативна фаза и имате големи работни амбиции. Во финансиска смисла добивате нечија поддршка. Проширете ги своите работни контакти во различни правци и преземете дополнителна иницијатива во согласност со актуелните случувања. Саканиот(ата) делува нестрпливо во исчекувањето да ги исполните своите ветувања, но вие имате добра љубовна стратегија и ништо не препуштате на случајот. Радо се отповикувате на различни повици и одлично го користите својот шарм во новите контакти или љубовни освојувања. Умеете да блеснете во полн сјај во вистински момент. Ќе ве израдува едно необично познанство.

 

Девица

Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија од различни страни. Нема потреба да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила. Поради бројните обврски свесно пропуштате различни случувања во приватниот или љубовниот живот, партнерот ве опоменува на „грешките“ кои ги правите. Забележувате чести промени во расположението или необично однесување кај саканиот(ата), но не ја согледувате вистинскиата причина. Потребно ви е подобро взаемно разбирање и ново емотивно зближување.

 

Вага

Имате направено погрешна работно-финансиска проценка, па ве очекуваат дополнителни компликации, но сѐ може да се надмине на добар начин во договор со соработниците. Добро размислете на кој начин треба да ги сочувате своите професионални интереси. Важно е да се вратите на претходната позиција, бидете промислени, нема потреба гласно да зборувате за своите работни намери. Различни забелешки кои ги упатувате на саканиот(ата) во неочекуваниот налет на емоции или страсти, воглавно остануваат без саканиот одзив. Партнерот останува уверен дека се разбира подобро од вас во низа од различни теми или области од заедничкиот живот, што дополнително ве иритира. Поради новите нeсогласувања и „емотивни искри“ делувате напнато или вознемирено.

 

Шкорпија

Нови случувања на работната сцена или нечие однесување може да ве успорат во спроведувањето на важни планови. Но, со дополнителна упорност ве очекува добар епилог во секој поглед. Успехот има релативно значење и толкување, поради тоа своите идеи треба да ги пласирате на вистинско место или пред личност која има доволно слух за слични работни интереси. Делувате загрижено, но некој од страна не може да го разниша вашиот љубовен живот или плановите кои ги имате со саканиот(ата). За среќа вие сте доволно искрени и одлучни во своите намери, нема да дозволите да се шират „лоши гласови“ за вас. Умеете да ја засените околината и да го задоволите партнерот.

 

Стрелец

Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања бегаат од контрола. Се обидувате да усогласите различни интереси и да оставите добар впечаток во своето опкружување. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. Поради тоа, здружете ги своите интереси со личност за која ве врзуваат слични идеи и позитивно искуство. Чувствувате голем занес и потреба да ја проверите својата љубовна среќа или нечија  емотивна наклонетост. Во налетот на емотивна инспирација, тешко поставувате граници помеѓу своите слободни фантазии и рамките на реалноста. Важно е да чувствувате позитивен импулс. На повидок е ново познанство кое ќе ве заинтересира.

 

Јарец

Добро сте информирани за новите ситуации на работната сцена и важно ви е да остварите низа значајни цели. Се наоѓате во одлична психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во деловно-финансиските преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат бројни повластици во односот со соработниците. Смислено го одложувате соочувањето со одредени дилеми во љубовниот живот, но некој ве опоменува на дадените ветувања. Нови изговори не можат да ве оправдаат пред блиска личност. Важно е да ги усогласите разумот и чувствата. Доколку сте слободни, ви претстои ново познанство или неочекувана љубовна романса.

 

Водолија

Посветете внимание на нови професионални можности, како би го прошириле своето сознание и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате како моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите сами да одат по својот тек, некој друг може да ве потисне од „првите работни редови“. Секој вид на лично усовршување претставува ваш значаен напредок. Светот околу себе го перцепирате со поинакви очи и во ведри тонови, се чувствувате задоволно, спокојно или среќно во близина на саканиот(ата). Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и делувате шармантно на друштвото околу себе. Постои личност која поттикнува повеќе емоции и фантазија.

 

Риби

Делувате амбициозно и непрекинато ги проширувате своите професионални интереси, додека соработниците очекуваат конкретно да се изјасните за заедничките интереси. Бидете внимателни во комуникацијата со службените партнери, бидејќи погрешно протолкуваните информации или неразбирањето на правилата во заедничкото работење донесува нови компликации. Некој може да ги реши вашите финансиски дилеми. Нема причина лесно да ја подарувате својата емотивна доверба, добро размислете за сѐ што се случува помеѓу вас и личноста која неодамна ја имате запознато. Имате впечаток дека партнерот вешто ги крие своите намери, што дополнително влијае на вашата емотивна несигурност или нервоза. Упорно трагате за нови одговори и вистина.

Сподели: