Нема поголем фашизам од сиромаштијата, порачаа демонстрантите

Сподели

naslovna-protesti-Pecki-860x680

Целата улица пред Собранието беше обоена во боите на „Шарената револуција“ која денешниот протест му го посвети на Дарко Марковиќ, авторот на стрип-јунакот Пецко.

На протестот говореше новинарот Бранко Героски кој наместо едноминутно молчење во чест на Дарко Марковиќ побара присутните да му оддадат почит со громогласен аплауз.

– Дарко Марковиќ беше редок интелект и знаеше дека вистинските професионалци своето критичко мислење го темелат на скепсата, сомнежот, а потоа на вербата. Кога го видов последен пат пред два месеци, ми рече дека му е жал што нема да ја дочека слободата – рече Героски.

Членот на Левица, Мариглен Демири кажа дека е среќен и задоволен од одлуката на судот Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица да бидат ослободени од домашен притвор.

– Без демократија нема слобода, но без социјална правда нема демократија, љубов, слобода и соништа. Ни ги уништија соништата. Не разделија етнички и партиски за они да се богатат. Нашата генерација нема да го дозволи тоа. Удривме силна тупаница. Нема поголем фашизам од сиромаштијата. Оваа генерација нема никогаш повеќе да дозволи да биде изиграна- рече Демири.

Тој истакна дека македонското општество страда од неквалитетно здравство, неквалитетно судство, лошо образование и од корумпирана власт.

Демонстрантите го започнаа протестот пред просториите на Специјалното јавно обвинителство од каде се упатија кон Собранието чија фасада и вечерва со помош на чаталот беше обоена.

На улицата пред законодавниот дом го нацртаа бројот осум со кој сакаа да потсетат дека одборјуваат уште колку денови останаа до 18 јуни, датумот кој го дадоа како рок за исполнување на нивните барања.

Нема поголем фашизам од сиромаштијата, порачаа демонстрантите