Нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне во западните и југозападните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Кон крајот на денот во останатите делови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец.

 

 

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.