Нетанјаху и Трамп: Совршена е размената на разузнавачките податоци меѓу Израел и САД

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Израел се состана и со премиерот на таа земја, Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп на прес-конференцијата истакна дека САД и Израел имаат многу блиски односи.

Тој се осврна и на размената на информации со Русија, напоменувајќи дека притоа никогаш не го споменал Израел.

„Никогаш не го изговорив името Израел за време на разговорот со Русите“, истакна Трамп.

Нетанјаху изјави дека размената на разузнавачки податоци меѓу Израел и САД е совршена.

Тој изрази благодарност до Трамп, поради како што рече, ставот што го зазема кон Иран.

Да потсетиме, во рамките на посетата на Израел, Трамп го посети и Sидот на плачот, на западниот ѕид од комлексот Месџид-и Акса, и Базиликата на Светиот гроб во окупираниот Стар дел на Ерусалим.

Доналд Трамп се помоли крај Sидот на плачот, со што стана првиот американски претседател кој го посетил и се помолил на тоа свето еврејско место за време на својот претседателски мандат. Ќерката Иванка и сопругата Меланија Трамп го посетија женскиот дел на Sидот на плачот.

Исто така, се очекува и состанок со палестинскиот претседател Махмуд Абас во градот Витлеем, на Западниот Брег, кој е под израелска окупација.

Тој, исто така, треба да го посети и Ватикан, каде што ќе се сретне со римокатоличкиот папа Франциско.