Нов паркинг на местото на старата Полициска Станица во Ѓорче Петров

Сподели:

 

На место на поранешната полициска станица која беше срушена пред неполна година, општина Ѓорче Петров изведе нов паркинг простор со 46 паркинг места.

 

 

42 места се наменети за моторни возила, 1 паркинг место за возило на лица со попреченост и 3 паркинг места за мотоцикли. Изведена е атмосферска канализација и поставено е соодветно осветлување со што е зголемена безбедноста на граѓаните и намален ризикот од кражби.

Изградбата на паркингот е по барање на околните станари кои со неговата изведба добиваат соодветно место за своите возила а истовремено и зголемена безбедноста во сообраќајот.

 

За три години во централниот дел на Ѓорче Петров изведени се 5 паркинг простори со капацитет за околу 200 возила, со што се решава проблемот со паркирање во општината.

Обезбедувањето на соодветен паркинг простор е од исклучително значење за непречено функционирање на сообраќајниот систем во општината.

Сподели: