Нови еколошки автобуси за Скопје од ЕУ

Сподели:

Денес градот Скопје преку проектот финансиран од ЕУ обезбеди 6 нови еко автобуси, што е доказ дека нашата градска администрација кога не е блокирана од никого, навистина е способна да спроведе нешто што е од бенефит и за Скопје и за Македонија. Се надеваме дека овој проект ќе ги поттикне советниците во Советот на Град Скопје што е можно побрзо да го поддржат проектот за набавка на 250 нови еко автобуси. Донацијата на автобусите од страна на ЕУ е голем успех на Градот Скопје и доказ за силната и безрезервна поддршка на Европската Унија.

Новите автобуси со компримиран природен гас, кои денеска преку УНОПС беа испорачани на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Скопје, а се донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“, пристигнаа во Северна Македонија со ориентациони налепници на македонски, албански и англиски јазик од странскиот инвеститор, а на нив се забележани правописни грешки на албански и македонски јазик.

Грешките се веднаш воочени и изготвени се нови налепници од страна на УНОПС,  кои ќе бидат заменети пред пуштањето во употреба на шестте еколошки автобуси, наменети за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот Скопје.

Сподели: