Вести Македонија Ударни вести

Нови полимерни пари од 10 и 50 денари од вторник во промет

Сподели:

Се повлекуваат книжните 10 денари и 50 денари од промет. Од вторник граѓаните ќе можат да ги користат новите полимерни банкноти со оваа вредност или монетите. Книжните ќе може во рок од една година да се заменат во комерцијалните банки. По овој датум замената ќе се врши исклучиво во Народната банка на Република Македонија.

Во Македонија првпат се воведуваат полимерни банкноти. Со тоа, како што посочуваа од Народната банка на Република Македонија, нашата држава ќе биде на мапата на државите чија централна банка има почнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, што се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

Сподели: