Амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

Сподели

-“Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји. Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утврдени сите факти од овој случај”, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски.