Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лири Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
На средбата за примопредавање на функцијата членовите на комисијата го информираа новоименуваниот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои што е надлежна РКЕ, а кои се поврзани соенергетските реформи, како и за сос тојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад.
Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ делува во време на ценовна нафтена криза и мерките кои се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати.
Презентирана беше и временската рамка и процесот на усогласување на подзаконските акти и методологии со европското законодавство, што е обврска од новиот Закон за енергетика*, а во исто време се споделија и активностите и преземените обврските кон меѓународните институции како што е Енергетската заедница, Асоцијацијата на регулатори за вода од Европската Унија – WAREG и Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ERRA.
фото скриншот


