Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја поздрави победата на Петар Маѓар.
“Би сакал да му честитам на Петар Маѓар за победата, ние имавме исклучително блиска и непосредна соработка со претходниот претседател Орбан, но волјата на граѓаните во Унгарија е јасна и недвосмислена. Политиките што тој ќе ги води очекувам да бидат проевропски, проинтегративни и очекувам бескомпромисна поддршка за интеграцијата на регионот и нашата држава во рамките на Европската Унија. Специфичните политики поврзани со Никола Груевски се одлука на унгарската влада и јас тука не се мешам. Екстрадицијата е побарана уште во 2018 година, и сите прашања упатете ги во Министерството за правда, јас сум претседател на Влада, а не министер за правда.”


