Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Ново поскапување на горивата од полноќ: Бензинот за 2 денари, дизелот за 1,5 денари

Сподели:

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 отсто.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за еден и пол денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар.

Со новото зголемување, цената на литар бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари, додека Еуросупер БС-98 од ноќеска ќе се продава за 88 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе чини 87 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе се продава по цена од 85 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,294 денари за килограм.

 

Сподели: