Новоизбраните членови на ДИК денеска ќе стапат на функција

Сподели

Новоизбраните членови на Државната изборна комисија денеска ќе даваат свечени изјави во Собранието, по што треба да ја одржат првата седница.

Претседател на Комисијата е Оливер Деркоски кој доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседател е Дитмире Шеху предложена од ДУИ, а членови се Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса.

Првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името.

Членовите на ДИК беа избрани во средата со 100 гласа „за“ откако партиите се договорија привремениот состав на ДИК да биде избран по стариот модел односно со членови предложени од партиите со најмногу освоени гласови на последните избори.