„Охридско лето“ – Камерен оркестар на музичката младина на Македонија

Сподели

 

Вечерва на Фестивалот „Охридско лето“ на катедралната црква „Света Софија“ уметниците на Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија ќе се претстават со избрани дела на Вивалди, Аренски, Барток, Пјацола, Блази, Григ.

Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 30 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Денес овој ансамбл претставува прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа.