Нуланд утре во Скопје ќе се сретне со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

Сподели

14681458612673_14677968217484_viktorija-nuland-epa

Помошник државниот секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе допатува во Скопје. Предвидено е таа да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање услови за веродостојни избори.

Нуланд денеска ја почна регионалната турнеја во Косово. Според соопштението од канцеларијата на косовскиот претседател Хашим Тачи, Нуланд побарала од лидерите зацврстување на владеење на правото, судскиот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Таа исто така, од Приштина побарала и да го продолжи дијалогот со Белград и да ја одобри демаркацијата на границата со Црна Гора.

meta.mk