Вести Македонија

Санкционирани 427 возачи на мотоцикли – 24 мотоцикли одземени

Сподели:

 

Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 427 возачи.

Од нив, 282 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, 24 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: