Вести Македонија

Обединети за Македонија очекуваат разврска за насилствата

Сподели:

Партијата Обединети за Македонија порача вечерва дека го „поздравува храбриот и одлучен чекор, на парламентарното мнозинство во Сообранието“. Партијата побара и одговорност за виновниците за насилството.

„Сметаме дека насилните дејства и луѓето што ги поддржуваат и чинат треба да подлежат на одговорност и бараме институционална разврска за нив. Обединети за Македонија, притоа, истакнуваат недвосмислена и безрезервна поддршка, кон понатамошните чекори, во насока на формирање нова реформска влада, која храбро ќе го осветли патот кон евроатлантската интеграција на Македонија“, се вели во партиското соопштение.

Сподели: