Заев: Очекувам Вељановски да му го предаде мандатот на Џафери

Сподели

Претседателот на СДСМ Зоран Заев синоќа изјави дека очекува претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељановски до вторник да му го предада водењето на парламентот на новиот претседател Талат Џафери.

“Jaс би сакал утре, иако е сабота Трајко Вељановски да му се јави на талат Џафери и да го изврши примопредавањето на функцијата претседател на Собранието. Но веројатно тоа ќе се случи во вторник”, изјави Заев во интрвју за телевизијата Телма.

Заев рече дека по тоа претседателот Ѓорѓе Иванов има 10 дена да им го даде мандатот за формирање Влада

“Иванов тогаш ќе има 10 дена да ми го даде мандатот. Знае дека мнозинството мора да се обиде да избере премиер”, изјави Заев.

Тој кажа дека и натаму посакува добивање на мандат по мирен пат и оти СДСМ и досега барале мирни начини за решавање на проблемите.