Обновен простор за неврофизиологија при Универзитетската клиника за неврологија

Сподели:

Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети обновената неврофизиологија – простор од над 800 м² при Универзитетската клиника за неврологија.

Целосно се реновирани амбулантите, кабинетите и стационарот, со нова медицинска опрема и систем за климатизација.

 „Најважно е она што не се гледа на фотографија. Досега пациентот се дијагностицираше на едно место, а за закрепнување одеше на друго. Со новиот простор за рехабилитација и кабинетот за когнитивен тренинг, тој пат е скратен – за човек со паркинсонова болест, тоа е разликата помеѓу самостоен живот и зависност од туѓа помош” – истакна Клековски.

Клиниката за неврологија е комплексна установа која се грижи за широк круг пациенти: од мозочен удар до мултипла склероза, од развојни невролошки нарушувања кај деца до невродегенеративни болести и деменции, па сè до главоболки и болни синдроми. Министерството за здравство продолжува да ги поддржува чекор по чекор подобрувањата во условите за сите категории пациенти.

Министерот Клековски изрази благодарност до раководството и вработените на Клиниката за неврологија за нивната посветеност.

Сподели: