Обновени оштетените клупи во Градскиот парк

Сподели

 

Град Скопје и екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“  ги обновија оштетените  клупи  во првиот дел на  Градски парк околу езерцето. Дел од овие клупи пред неколку недели од непознати сторители беа оштетени, откорнати и фрлени во езерцето.

 

 

Град Скопје упатува апел до сите корисници на паркот да не фрлаат отпадоци на зелените површини и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема што е поставена, бидејќи со нивното уништување се нанесува голема материјална штета.