ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со студено утро. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.

Во Скопје сончево, а преку денот ќе биде потопло. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во петок ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, особено на северот. Потоа ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамки на просекот.