Обвинението за предметот “Тифани” прифатено од Кривичниот суд

Сподели

Обвинението на СЈО од Кривичниот суд за предметот „Тифани“, во кој Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување е одобрено од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

„Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста“, соопшти Кривичниот суд.

Фирмите на осомничената Талевска затаиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.